Мојот сончев топилник

6 09 2010

Сончевиот топилник за восок го изработив од стар прозор кој го зголемив во длабочина неколку цм, а на долниот дел му прековав вдлабнатина каде ќе тече восокот и каде ќе се смести садот за собирање на стопениот восок. Целиот внатрешен дел е обложен со стиропор (2 цм) кој е прекриен со алуминиумска фолија. На долниот дел каде што се ставаат рамките за топење се наоѓа стакло од автомобилски прозор, а од страните има алуминиумски профили кои за стаклото се споени со силикон. Стаклото од долната страна и стаклото од горната страна овозможуваат во внатрешноста да се создаде доста висока температура и лесно и брзо топење на восокот. Во овој топилник комотно може да се смести една ДБ рамка, а веќе истопив повеќе од стотина рамки од некој тип на модифицирана конгресовка кои ги набавив комплет со изградени рамки. Доколку сакате лесно, економично, но во исто време и брзо топење на восокот ваквиот топилник е најдобриот избор. Секако неговата употреба е ограничена само на летните сончеви денови.

Advertisements

Дејства

Information

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s




%d bloggers like this: